Нова цена на горивата

Bez autora
Feb 09 2023

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 % во однос на одлуката од 6.2.2023 година.

еферентните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,271 %, кај дизелот 4,708 %, кај екстра-лесното масло 4,532 % и кај мазутот 0,836 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,104 %.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,50 денара/лит.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 2,00 денара/лит.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „еросупер БС-98“ и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.

Од 9.2.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“      82,00 (денара/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“      84,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“        76,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1)      75,00 (денари/литар)

„Мазут М-1 НС“               41,411 (денар/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 9.2.2023 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik